Фото: Игор Бансколиев

Повратот на ДДВ кон фирмите достигна 22,8 милијарди денари или 370,7 милиони евра, заклучно со ноември. Тоа се 18 отсто повеќе во однос на минатата година. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека повратот на ДДВ сега, за разлика од порано, се одвива редовно и навремено – по автоматизам.

Тевдовски посочува дека годинава е oстварен висок пораст на наплатените даноци и придонеси. Заклучно со ноември, наплатата е повисока за 8,1 отсто во однос на лани.
– Подобрата наплата кај сите видови даноци, како и придонесите, е уште една потврда за позитивните движења во економијата и вработеноста – вели Тевдовски.

Тој истакна дека Владата идната година ќе го поддржи стопанството сo највисоки досега планирани средства за активни мерки за вработување во буџетот, повеќе средства за поддршка на претпријатијата, како и средства за големи инфраструктурни проекти.