Голем број западни експерти предупредуваат дека традиционалните демократии денес се соочуваат со сериозни уставни проблеми, бидејќи либералните демократии се мачат со разни нелиберални кризи. Некои од најстарите демократии постојат околу 150 години. На списокот на земји со најстари устави на прво место е Обединетото Кралство, ако се земе предвид Магна карта, која ги воспостави односите меѓу монархијата и народот, додека на второ место се САД, чиј устав стапи во сила во 1789 година, покажуваат податоците на американскиот проект за споредба на уставите во светот.