Годишни суми што најголемите компании за нафта и гас ги потрошиле за лобирање против политиките за справување со климатските промени (во милиони долари)

Петте најголеми светски компании за нафта и гас со државен удел годишно трошат по околу 200 милиони долари за т.н. климатското лобирање кое вклучува активности насочени кон одложување, контролирање или блокирање политики за справување со климатските промени. Владите се жалат дека лобирањето на нафтените гиганти им создава проблеми при спроведувањето политики што се од витално значење за исполнување на целите зацртани со Парискиот климатски договор. Компаниите обично не сакаат да ги откријат трошоците за лобирање, но организацијата „Инфлуенсмап“ со посебна методологија на собирање и анализа на јавно достапните податоци успеа да изврши процена на различното влијание на компаниите врз иницијативите за справување со климатските промени.