Македонската ликовна уметница Наташа Милованчев се претставува првпат самостојно во Загреб, во галеријата „Курија“ при музејот „Пригорјаво“, со изложба под наслов „Промислувајќи го просторот“. Поставката ја чинат 25 дела/слики од циклусите „Кодови и кругови“ и „Кодирани предели“. Делата се работени во техника акрил и комбинирана техника на платно, а публиката ќе може да ги види во текот на јули.
– Станува збор за пресек низ визуелните наслојувања во периодот од 2007 до 2017 година, односно за своевидна синтеза на елементите од еден подолг творечко-истражувачки процес – вели Милованчев.