Група млади лица вчераутро ја нападнале полициската зграда во источниот дел на Атина, со употреба на домашно изработени експлозивни направи, пренесе грчката новинска агенција АНА.

Очевидците раскажуваат дека напаѓачите ги фрлиле бомбите, по што почнале да бегаат.

Во инцидентот нема повредени, а полицијата почна истрага, пренесе грчката агенција.