Најмалку 31 лице се убиени, а 54 се ранети при експлозија во Центар за регистрација во избирачки списоци во авганистанскиот главен град Кабул. Здравствените власти изјавија дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.
– Луѓето беа собрани за да ги земат личните карти. Експлозијата се случи на влезот. Тоа беше самоубиствен напад. Сѐ уште не се знае колку жртви има точно – изјави началникот на полицијата во Кабул, Дауд Амин.
Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.
Центрите за регистрација на избирачи се отворени низ Авганистан поради подготовки за долго одложуваните избори, кои се планирани за во октомври оваа година.