Вечерва, во 19 часот, во Паркот на франкофонијата ќе се одржи мултимедијален авторски настан на композиторката Ана Пандевска, насловен „Зимски пејзаж“. На програмата ќе се најдат три композиции од опусот за електроакустична музика на Пандевска, а во изведба на пијанистката Дуња Иванова. Во зимски амбиент и покрај ниските температури, концертот ќе биде изведен на акустично пијано поставено на отворен простор како можност за испраќање порака за слободата и достапноста на музичката уметност.

Ана Пандевска во рамките на овој проект, првпат се претставува и со самостојна изложба во Монтажната галерија. Нејзините слики ќе бидат изложени во вид на висечки инсталации, а истите тие се изработени на платно и гипс-картон во различни ликовни техники.