„Матица македонска“ го објави новиот роман на Блаже Миневски, насловен „Мрежата на Мамли“. Во своето најамбициозно дело, познатиот писател ги отсликува судбинските мигови и премрежиња, што се одигруваат на почвата на македонската земја. Ова е роман за мрежата во која се фатени предавниците и патриотите, платениците и полтроните, кодошите и тапкарошите…

Миневски со „Мрежата на Мамли“ на македонската книжевност ѝ подарува уште еден бесценет наратив: станува збор за роман што влијае врз иднината на македонската литература, а посебно врз иднината на романот како жанр, пишува Венко Андоновски во предговорот.