Присутноста на ловџиите ги вознемирува младенчето и неговата мајка и на тој начин ја оневозможуваат мајката да му се врати на младенчето. Токму затоа, ако ловџиите најдат младенчиња во ловиштето, треба веднаш да се оддалечат од нив и да не им дозволуваат на кучињата да ги бркаат

Повеќето диви животни своите младенчиња ги носат на свет во пролет, оти тогаш се најповолни климатските и условите за прехранување. Токму во тој период човекот има можност да налета на младенчиња за кои, пак, често се мисли дека се напуштени, па затоа таквите диви животни се земаат, со што се прекршуваат Законот за ловство, Законот за заштита на животните и Законот за заштита на природата.
Најчести младенчиња на кои ловџиите ќе налетаат и ќе ги „спасуваат“, мислејќи дека се сами и напуштени, а кои може да се сретнат во природата, се јарињата и телињата, но секако има и други. Тие младенчиња најверојатно не се напуштени, туку уште не се способни да ја следат својата мајка, па поради тоа вообичаено е таа да ги пушти скриени во тревата додека се храни.

Факт е дека младенчињата немаат мирис, што е добро, оти во спротивно, поголемите животни би можеле да ги намирисаат и да ги пронајдат. Мајките на младенчињата се враќаат по 2-3 часа, колку да ги нахранат и да ги проверат. Тие никогаш не се далеку од нив.

Присутноста на ловџиите ги вознемирува, како младенчето така и неговата мајка и на тој начин ја оневозможуваат мајката да му се врати на младенчето. Токму затоа, ако ловџиите најдат младенчиња во ловиштето, треба веднаш да се оддалечат од нив и да не им дозволуваат на кучињата да ги бркаат. Ако младенчето се оддалечи од местото каде што е најдено, треба да се врати што побргу на тоа место, оти таму и ќе го побара неговата мајка.

Доколку, пак, ловџијата наиде на болно, повредено или рането младо животинче, а за кое смета дека е напуштено, веднаш треба да го извести сопственикот на ловиштето, кој, пак, ќе повика ветеринар да го прегледа и ќе увиди за каква повреда или болест станува збор. Исто така, пронајдениот повреден и заштитен животински вид треба да се пријави на соодветната инспекција за заштита на природата, ловечко друштво или во најблиската полициска станица.


Правилно поставување мамка

Поставувањето мамка на јадицата е мошне значајно за успешен риболов иако тоа на прв поглед изгледа како да не е многу битно. По примерот за поставувањето на црвот, истиот систем може да се примени и за други мамки, кои имаат сличен облик, а потребно е да се користат многу остри јадици за да се оштети што помалку мамката, која треба да се постави на самиот раб од јадицата.