Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Антоан Гризман

Според француски „Л’екип“, на листата по Меси следуваат Роналдо, Гризман, Нејмар, Суарез…

Аргентинецот Лионел Меси, напаѓачот на Барселона, е најдоброплатениот фудбалер во Европа, со месечна бруто-плата од 8,3 милиони евра, објави француски „Л’екип“.

На втората позиција е Португалецот Кристијано Роналдо од Јувентус, со месечна заработка од 4,7 млн. евра, а потоа следуваат Французинот Антоан Гризман од Атлетико (3,3), Бразилецот Нејмар од ПСЖ (3,065), Уругваецот Луис Суарез од Барселона (2,9 милиони) итн.
На листата од 10 најплатени фудбалери нема ниту еден од германската Бундес-лига, која е една од петте најквалитетни европски лиги. Во Германија најмногу заработува Полјакот Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн, 1,33 милион евра месечно.

Според „Л’екип“, во француската Лига 1, најмногу пари добиваат фудбалерите на Пари сен Жермен. Покрај Нејмар и Килијан Мбапе, кои се меѓу првите 10 според заработката, следуваат Единсон Кавани (1,5), Тијаго Силва (1,16) и Анхел Ди Марија (1,1 милион евра).