Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Фам фест интернешнел“ во Северна Каролина, САД. Како победник на фестивалот, македонскиот филм е автоматски селектиран и влегува во трка на Светскиот филмски саем во Њујорк оваа година. Покрај наградата за најдобар филм, „Јавачи на коњи“ на „Фам фест“ се пласира и како полуфиналист на „Лос Анџелес синефест“. „Јавачи на коњи“ е македонски независен филм, кој премиерно беше прикажан минатата година. Досега филмот учествуваше на 20 фестивали во Европа и светот, меѓу кои во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка…