Најдобрите одбојкари на Македонија вечерва во Даугавпилс (19.30 часот) се среќаваат со Летонија, во рамките на второто коло во групата А во Сребрената европска лига.
Во првата рунда и двете репрезентации извојуваа победи на гостувањата, Македонија го совлада Косово со 3-1, а Летонија беше подобра од Австрија, исто така со 3-1.
Вечерва се игра и мечот Косово – Австрија во Гњилане.
Македонија, која во изминатите три години беше втора во Европската лига, на
15 и на 16 јуни во Скопје ќе биде домаќин на завршниот фајналфор-турнир во оваа конкуренција.