Македонската машка одбојкарска репрезентација утревечер (20.30 часот, сала „Кале“) се среќава со Австрија во меч од третата рунда од групата А, во Сребрената европска лига.
Македонија со победа на гости над Косово (3-1) минатата недела ја почна годинашната кампања во ова натпреварување, но во вториот меч, во средата, загуби на гости од Летонија, со максимални 0-3.
Австријците во првиот меч дома загубија од Летонија со 1-3, а во вториот, на гости го совладаа Косово со 3-0.
Македонија ќе биде домаќин на завршниот фајналфор-турнир што ќе се игра на 15/16 јуни во Скопје.