Климатските промени можат да бидат причина за многу здравствени проблеми. Што најмногу страда во нашето тело кога е премногу топло, кога температурите варираат и кога се менуваат условите за живот? Човечкиот организам секогаш се обидува да се приспособи, но голем е предизвикот кога временските услови се различни од оние на кои луѓето се навикнати во одредени области.
– Луѓето што живеат во Африка реагираат сосема поинаку на студеното време отколку луѓето што живеат на Алпите и обратно. Сите метаболички процеси во човечкото тело се насочени кон одржување на телото во стабилна состојба – вели алергологот Саша Миличевиќ.
Поради големите температурни осцилации, особено се загрозени пациентите со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и оние со ревматски заболувања, кои можат да ја почувствуваат промената на временските услови. Временските услови влијание и врз психолошкото здравје на луѓето, особено оние со психијатриски заболувања. Според Миличевиќ, луѓето сакаат температури меѓу 18 и 22 степени. Се разбира, во зависност од деловите на светот, човечкото тело се приспособи и на повисоки и на пониски температури. Фантастичното кај живите организми е нивната адаптација на надворешни влијанија, односно приспособување кон средината во која се наоѓаат.
На пример, во областа каде што живееме, нашето тело е навикнато на дождливото и ветровито есенско време, што добро влијае на здравјето на луѓето. Меѓутоа, моќта за адаптација не е апсолутна и има свои граници, а човечките органи можат да се приспособат само до одреден степен, а штетните влијанија однадвор можат многу да им наштетат.