„Локомотива“ како партнер на мрежата „Номад танц академија“ е дел од голема меѓународна конференција НОРСЕ во Словенија, што се одржува од 7 до 10 април.

Целта на конференцијата е да се изгради мрежа на резиденцијални простори во Југоисточна Европа како модел на институционализиран и децентрализиран центар за современ танц. Учествуваат голем број локални и меѓународни партнери на мрежата „Номад танц академија“, професионалци во полето на современите изведувачки уметности и претставници на градови од Југоисточна Европа.

На конференцијата, „Локомотива“ ќе ја претстави „Кино култура“ како простор за современи изведувачки уметности и современа култура со значајна регионална и меѓународна соработка во полето на современиот танц и современите изведувачки уметности.