На речиси еден месец пред одржувањето на големиот концерт на Лени Кравиц во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамките на светската турнеја, продукцијата „Авалон“ објави дека славниот пејач ќе пристигне со најнова и најсовремена продукција.

– Кравиц доаѓа со десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе што се вклучени во оваа турнеја, додека од наша страна се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција. Сево ова е доказ дека Скопје ќе види многу големо шоу какво што Лени Кравиц ќе одржи на сите свои концерти во рамките на турнејата, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре – велат до „Авалон“.

Интересот за овој концерт е огромен во целиот регион.