Во Музејот на градот Неготино е отворена изложба на графики на која се поставени 13 дела од кумановските графичари: Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Наим Идризи, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Елеонора Накевска, Сандра Симоновска, Марио Стошевски и Дејвид Стоилковски. Графиките се изработени во техниките: линогравура, линорез, бакрорез, акватинта, дигитален печат и комбинирани техники.

– Во делата се чувствува влијанието на дигиталната технологија и свртувањето кон компјутерската графика како тренд, кој допрва ќе доминира во овој сегмент на визуелниот израз… Сепак, присутни се и доминантни, класични графички техники – посочува меѓу другото во својот осврт за изложбата Роберт Цветковски од центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.