Европскиот парламент даде зелено светло за номинацијата на Урсула фон дер Лејен за нова шефица на Европската комисија, со што стана првата жена на една од највисоките функции во ЕУ. Фон дер Лејен, сепак, беше избрана со многу тесно мнозинство. Нејзиното именување беше клучен дел од пакетот за распоредување на највисоките функции во Унијата, што лидерите на ЕУ го договорија на почетокот од јули.