Од јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ известуваат дека покрај секојдневните теренски активности, тие почнале да работат и по пријави од граѓаните. Пријавите од граѓаните биле од голема помош за претпријатието и одличен чекор за животната околина во општината Гази Баба да биде чиста и средена за сите.

ЈКП „Гази Баба 2007“ ги охрабрува сите граѓаните да испраќаат фотографии од населените места каде што има шут и отпад и во блиска иднина најавија вајбер-линии, каде што директно со фотографија ќе може да се укаже на вакви локации за службите да се погрижат истите тие да бидат исчистени.