Компанија во Колумбија користи нуспроизвод од печење остатоци од кафе што се комбинираат со рециклирана пластика и на тој начин гради станбени објекти по пристапни цени.
Станува збор за компанијата „Вудпекер“ од Богота, која користи комбинација на лушпи од кафе и рециклирана пластика за да произведе материјал што е доволно силен за изградба на станбени згради, штали и магацини.
Цената на „куќа“ направена од споменатиот материјал е само 4.500 долари. Компонентите од кои се изработуваат објектите лесно се пренесуваат на оддалечени локации. Споменатата компанија обично сама ги прави објектите, но има и клиенти што само ги нарачуваат компонентите и сами ја прават преостанатата работа. Изградбата е многу едноставна и трае помалку од седум дена.
Во ноември минатата година, ураганот Јота од петта категорија го погоди колумбискиот остров Провиденс, кој предизвика голема штета, уништи 1.300 дома, а најдоброто брзо решение беа куќите на „Вудпекер“. Овие објекти за домување се добро решение за руралните области и заедниците со мала куповна моќ.
Производството на кафе ја загадува водата, а исто така се уништуваат и шумите, кои се деликатни екосистеми. Според тоа, употребата на нуспроизводи е исклучително важна, а компанија од Тајван ги користи за производство на облека.