На интернет-порталот Ранкер деновиве се води интересна расправа за тоа кои серии ги сакаат само паметните луѓе.
Несомнено, изборот на телевизиски програми и разновидни ТВ-содржини никогаш не бил поголем, во глобални рамки, но исто така на телевизиите никогаш не се прикажувале и поголеми глупости. Хумористични серии од разни видови ги преплавија ТВ-каналите, па, соодветно на тоа, гледачите прашуваат кои телевизиски серии ги следат интелигентните луѓе.

Доколку ѝ верувате на екипата на порталот Ранкер, таа листа изгледа вака: на десеттото место е „Ханибал“, деветта е „Мр. Робот“, па следуваат „Доктор Ху“, „Досие Х“, „Декстер“, „Брејкинг бед“, „Игра на тронови“, „Куќа од карти“ и „Шерлок“ на првото место.