Животни

Некои сопственици на кучиња бараат нивниот миленик да биде посветен и лојален докрај. Важно е да се напомене дека верноста нема никаква врска со големината, па затоа некои минијатурни раси се меѓу најлојалните.
Доберман: кога доберманот е правилно дресиран, тој е вистински пријател и чувар. Овие интелигентни кучиња се лесни за тренирање и затоа често се дел од воени или полициски единици. Ги сакаат своите сопственици, особено оние што им дозволуваат многу активности и авантури во природа. Нивната лојалност кон луѓето не се сведува само на нивниот сопственик, тие ги сакаат луѓето воопшто и затоа биле толку популарни низ историјата.
Германски овчар: светската асоцијација на одгледувачи на германски овчари го нарекува германскиот овчар „раса што вистинските љубители на кучиња едноставно ја обожаваат“. Германските овчари се стекнаа со репутација за исклучителна интелигенција и благороден темперамент. Тие се навистина верни пријатели. Им треба време да сакаат некого, но штом ќе ја засакаат личноста, тие стануваат исклучително лојални.
Чивава: речиси сите знаеме дека чивавите се минијатурни кучиња со голема личност, но ова интелигентно кученце е навистина верен пријател. Бидејќи се полни со желба да го задоволат сопственикот, не им треба посебна обука. Тие можат многу да се разликуваат по темпераментот, но сите примероци од оваа раса се целосно посветени на луѓето што ги сакаат. Некои чивави се стекна со репутација на диви и непослушни кон странците, но тоа веројатно се должи на нивната огромна лојалност кон нивниот сопственик.