Промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од блогерката Вики Андонова, што ќе се одржи утре во 18 часот во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс либрис“, дел од „Арс ламина – публикации“, содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и коса, што можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна.

Правењето природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава туку значи и правење на козметички производи што се свежи (направени во моментот) и богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и за убавината на кожата и косата.
На промоцијата ќе има многубројни изненадувања. Авторката ќе одржи козметичка работилница, на која ќе направи органски производи по рецептите објавени во книгата. За првите 50 купени книги на промоцијата следува и подарок (по случаен избор) од неколку органски марки. На крајот од промоцијата Андонова ќе потпише примероци од „Природно убави со Биодевојка“.