Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика земјите во светот да преземат концентрирани напори и заеднички да ја обликуваат иднината на човештвото, во обид да се справат со големите глобални предизвици

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика земјите во светот да преземат концентрирани напори и заеднички да ја обликуваат иднината на човештвото, во обид да се справат со големите глобални предизвици. Си, кој во Париз учествуваше на Форумот за глобално владеење, посочи четири аспекти за подобрување на глобалната соработка. Покрај кинескиот претседател, на форумот присуствуваа и неговиот француски колега Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и првиот човек на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

– Кина и Франција, и двете значајни играчи во глобалното владеење, имаат широк политички консензус и солидни основи за соработка за големи прашања, како што се чувањето на светскиот мир, безбедност и стабилност, поддржување на мултилатерализмот и слободната трговија и поддршка на Обединетите нации во остварувањето на неговата активна улога. Двете земји заеднички ги чуваат принципите на меѓународните односи и го подобруваат глобалното владеење, станувајќи важна сила во заштитата на светскиот мир и стабилност, како и во промовирањето напредок на човечката цивилизација – истакна шефот на кинеската држава.

Си понуди четиристран пристап за решавање на „четирите дефицити“ во глобалните работи. Според него, прво се потребни праведност и разумност за решавање на дефицитот со владеење.

– Препорачливо е да се поддржи визијата за глобално владеење, составено од екстензивни консултации и заеднички бенефиции, како и принципот дека народите во светот треба преку консултации да ги решаваат глобалните проблеми. Потребно е активно напредување на демократизацијата на правилата за глобално владеење – посочи Си.

Тој исто така повика и на консултации и разбирање за надминување на дефицитот од доверба во светските работи.

– Препорачливо е на прво место да се заемната почит и заемната доверба, да се искористат дијалогот и консултациите, како и да се најде заеднички јазик, и, истовремено, да се намалат разликите и заемната сомничавост. Преку поблиска комуникација и дијалог помеѓу различните цивилизации ќе се зголемат заемното разбирање и заемното признавање – истакна кинескиот претседател.

Според Си, потребни се заеднички напори и заемна помош за справување со дефицитот од мир во глобални рамки.

– Исто така, препорачливо е да се поддржи нова визија за заедничка, јасна, кооперативна и одржлива безбедност, да се напушти менталитетот од Студената војна и да се отфрли законот на џунглата, а конфликтите да се решаваат на мирен начин – наведе Си.

Кинеската страна, според него, ги поддржува неопходните реформи на ОН и го штити мултилатералниот трговски систем.

– Потребни се заеднички напори за остварување напредок во преговорите за договорот за инвестиции помеѓу Кина и Европската Унија – заклучи Си.

Истовремено, францускиот претседател порача дека комуникацијата и координацијата помеѓу ЕУ и Кина имаат незаменлива улога во заштитата на мултилатерализмот.
– ЕУ и Кина имаат слични позиции во областите како што се иранското нуклеарно прашање, климатските промени и безбедноста и развојот на Африка, а и двете земји инсистираат на конструирање силен и праведен мултилатерален систем. Франција ги цени значењето и активната улога на Кина во меѓународните работи. Истовремено, ЕУ и Кина, како важни сили на светската сцена, треба да ја зголемат заемната стратегиска доверба и да промовираат соработка преку дијалог – истакна Макрон.

Тој се осврна и на кинеската иницијатива Појас и пат, која, според него, е значајна и може да игра важна улога во светскиот мир, стабилност и развој.

– ЕУ би можела да ја усогласи својата развојна стратегија со иницијативата Појас и пат на иновативен начин, и заеднички да ја промовираат евроазиската приврзаност – додаде Макрон.

На церемонијата за затворање на форумот во Париз говореше и канцеларката Меркел. Таа посебно се осврна на мултилатерализмот.

– Добрите односи помеѓу европските земји и Кина поставија добра основа за мултилатералната соработка помеѓу Унијата и Кина. ЕУ треба да ги забрза преговорите за инвестицискиот договор помеѓу Брисел и Пекинг, како и активно да дискутира за учество во иницијативата Појас и пат. Покрај тоа, ЕУ и Кина треба да соработуваат за заштита на мултилатерализмот и да ги споредат забелешките за реформите на Светската трговска организација и другите мултилатерални институции – порача Меркел.

Таа додаде дека Германија би можела да биде домаќин наредната година на лидерската средба помеѓу ЕУ и Кина.

Од друга страна, осврнувајќи се на ЕУ и Кина како важни стратегиски кооперативни партнери, претседателот на Европската комисија порача дека е многу важно двете страни да го одржат дијалогот на рамно ниво.

– ЕУ и Кина треба активно да напредуваат во преговорите за инвестицискиот договор и да ја одржат координацијата за големите меѓународни прашања, како што се реформите на СТО. Со нетрпение очекувам да видам позитивни резултати од претстојниот лидерски состанок помеѓу Унијата и Кина – додаде Жан Клод Јункер.