Килијан Мбапе со 216 милиони евра е прв на најновата листа со претпоставените трансфер-вредности на играчи од петте најсилни првенства во Европа, направена од Интернационалниот центар за спортски студии. Понатаму следуваат Кејн (197,3), Нејмар (197)… Направено е рангирање и според позициите во тимовите, па водат Едерсон (голман, 102 милиони), Умтити (стопер, 99,2), Александер-Арнолд (бек, 96,4) и Али (плејмејкер 163,4) и Мбапе (напаѓач).