„Ти ми зеде сѐ“ е првиот соло-сингл на Калина Велковска-Кали. Специфичноста на нејзиниот вокал и интерпретација го инспирираа нејзин прв соло-сингл. – Кали како вокалистка застапува многу различни бендови со жанровски различни стилови на музика, првпат запливува во меjнстримот како вокалистка на песната „Ти си насекаде“, во соработка со саксофонистот Горан Папаз и со композиторот, и јас како продуцент – нѐ информира Александар Масевски. „Ти ми зеде сѐ“ е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски. Песната доби и свој интересен видеозапис, кој е изработен под режисерската палка на Александар Ристовски-Принц.