Ирска на 25 мај одржа успешен референдум за укинување на осмиот амандман со кој се признаваше еднакво право на живот на фетусот и на мајката за време на бременоста. Резултатите покажаа дека мнозинството гласачи (66,3 отсто) се изјасниле за укинување на забраната за абортус. Ирска имаше едни од најстрогите закони за абортус во светот, кои ја дозволуваа процедурата само во случаи кога беше доведено во прашање здравјето на мајката, но не и при силување, инцест или дефекти на фетусот. На референдумот му претходеше една од најжестоките дебати досега. Земјата во 2015 година гласаше за легализирање на истополовите бракови.
Следниот графички приказ се заснова на мапата на Центарот за репродуктивни права од 1998 година досега. На него е претставен правниот статус на абортусот во светот во 2018 година.