Грција покажа интерес за изградба на фабриката за автомобили од германската компанија „Фолксваген“, откако беше повлечена одлуката таа да се гради во Турција, поради воените дејства во Сирија. Оваа вест беше соопштена од министерот за економија на Грција Антонис Георгиадис, кој беше цитиран од водечката германска деловна публикација „Ханделсблат“.

На почетокот на октомври, стана јасно дека „Фолксваген“ ги замрзнува плановите за изградба на фабрика во близината на турскиот град Измир поради воената операција „Мировна пролет“ во Сирија.

Турција и Бугарија беа најголеми конкуренти во битката за нова инвестиција од повеќе од 1 милијарда евра од германскиот автомобилски гигант.
Според експертите, новосоздадената ситуација по инвазијата на Турција во северна Сирија ги враќа балканските земји во игра. Покрај Бугарија, во конкуренција сега се натпреваруваат и Србија, Романија и Грција. Исто така и Хрватска најави дека е заинтересирана за добивање на овој проект, додека од Босна и Херцеговина понудија две локации за новата фабрика за автомобили.

Од германската компанија информираа дека тие не бараат друга локација за фабриката надвор од Турција, објави „Дојче веле“ минатата недела.