Фрижидерот е нашиот најдобар пријател меѓу апаратите за домаќинство. Без него е тешко да се замисли функционирањето на едно модерно семејство. Страшна е самата помисла, што би се случило кога тој одненадеж би се расипал.

Фрижидерот ја прави храната вкусна и свежа, но многу често се случува во него да се појави непријатна миризба и да ни го расипе апетитот.

Активниот јаглен во прав е еден од елементите што лесно може да се справи со овој проблем. Во фрижидерот ставете плиток сад со активен јаглен во прав. Тој во текот на ноќта ќе ги апсорбира сите непријатни миризби. За повторна употребата, јагленот пет минути загрејте го во рерна на температура од 170 до 180 степени. Активниот јаглен можете и постојано да го чувате во фрижидерот како превентива од лоши миризби.

Ставете го јагленот во мала пластична кутија чиј поклопец ќе го издупчите, па кутичето ставете го на полиците на вратата од фрижидерот. Не заборавајте одвреме-навреме да ја промените содржината во кутичето.

Мокрото чистење со оцет, исто така може да биде од помош при отстранување на лошата миризба од фрижидерот. Пребришете ги внатрешноста на фрижидерот и полиците со крпа што сте ја натопиле со оцет. За да го подобрите ефектот, ставете мала чаша со оцет во фрижидерот, да стои неколку часа по чистењето. Исто така по чистењето вратата на фрижидерот оставете ја отворена за да испари лошата миризба на амонијакот. Ова е еден од потешките начини на чистење, но сепак ќе ви помогне во справувањето со лошата миризба.

И кафето можете да го користите како средство за справување со лошата миризба во фрижидерот. Испечете свежо сомелено кафе и ставете го во отворени садови на полиците на фрижидерот.

Ако во фрижидерот постојано имате отворен сад во кој има сода бикарбона, тогаш со месеци нема да имате грижа за неочекувани лоши мириси. И воденото чистење со раствор од сода бикарбона влијае ефикасно за отстранување на лошата миризба во фрижидерот.

Во борбата со лошиот мирис во фрижидерот може да ви помогнат и неколку парчиња леб, кои ќе ги ставите на различни нивоа на полиците. Истиот ефект ќе го постигнете и со парчиња јаболко или, пак, со неколку резанки лимон.

Ќесичките со чај, распоредени на полиците во фрижидерот совршено ги апсорбираат лошите миризби. Исто така песокот за мачки, солта и шеќерот се одлични во борбата со непријатниот мирис во фрижидерот. Потребно е само да ги ставите во отворен сад на полиците во фрижидерот и тие ќе си ја завршат работата.

Пријатен и свеж мирис на фрижидерот ќе добиете ако неговата внатрешност ја пребришете со раствор од сок од лимон и вода.