Фестивалскиот одбор на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки“ – Скопје, распишува конкурс за најдобри литературни творби на „Ракатки“ 2020.

1. Темата на годишниот конкурс е: „Нашите празници – убава традиција“ (во поезија или во кратка проза).
2. Творбата да биде напишана на македонски литературен јазик.
– Учесниците од другите националности, кои живеат во Македонија, можат творбата да ја достават и на својот мајчин јазик, со превод на македонски литературен јазик.
3. Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од Македонија, на возраст од 8 до 15 години.

4. Секое училиште може да учествува со по една творба во две категории:
I категорија за ученици од IV, V и VI одделение и
II категорија за ученици од VII, VIII и IX одделение.
5. Творбата да биде избрана како најдобра, исклучиво од училиштен литературен конкурс или како избор на литературната секција на училиштето (со архивиран записник од направениот избор).
6. Менторите да настојуваат – да не се избираат кандидати, кои веќе учествувале на „Ракатки“. Треба да им се даде можност и на другите талентирани ученици и тие да го презентираат својот литературен труд, преку оваа манифестација.
7. Творбата да биде напишана во Ворд и да ги содржи следниве податоци:
име и презиме на авторот;
одделение и училиште;
име и презиме на менторот (број на телефон).

8. Конкурсот е отворен до 30.11.2019 год.
– Творбите што не ги исполнуваат пропишаните критериуми и кои ќе пристигнат по 30.11.2019 година нема да се земат предвид за разгледување и вреднување.
9. Треба да биде назначено за која категорија е творбата и да се достави по електронска пошта на e-адресата: [email protected] да биде испратена исклучиво од е-адресата на училиштето.
10. Од сите пристигнати творби, според овој конкурс, жири-комисијата (составена од писатели за деца и млади) ќе избере 30 најдобри, со кои авторите ќе настапат на фестивалот „Ракатки“.

– Наградата нема да биде доделена ако авторот не настапи на фестивалот со интерпретација на својата творба.
11. Одлуката на жири-комисијата ќе биде објавена на 25.12.2019 год.
12. Фестивалот „Ракатки“ 2020 ќе се одржи во втората половина на април 2020 година.

Фестивалски одбор на „Ракатки“