Фестивалскиот одбор на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки“ – Скопје распишува

КОНКУРС

За најдобри литературни творби на „Ракатки 2019“
1. Темата на годишниот конкурс е „Хуманоста, слогата и знаењето – се клуч за успех“ (во поезија или кратка проза).
2. Творбата треба да биде напишана на македонски стандарден јазик.
Учесниците од другите националности што живеат во Македонија можат да ја достават творбата и на својот мајчин јазик, со превод на македонски стандарден јазик.
3. Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од Македонија – на возраст од 8 до 15 години.
4. Секое училиште може да учествува само со една творба, избрана како најдобра, исклучиво од литературната секција на училиштето (со записник од изборот).
5. Творбата се доставува отчукана на компјутер во 1 (еден) примерок – со име и презиме на авторот, одделение и училиште, како и име и презиме на менторот, со негов телефон, мобилен или имејл.
6. Конкурсот е отворен до 30 ноември 2018 год.
– Творбите што не ги исполнуваат пропишаните критериуми и кои ќе пристигнат по 30.11.2018 нема да се земат предвид за разгледување и оценување.
– Творбите треба да се испратат на адресата:
Славка Арсова, ул. Јуриј Гагарин бр. 25/IV ст. 9 – 1000 Скопје.
Контакт-телефон: 02/ 3080-699
7. Од сите пристигнати творби, според овој конкурс, жирито (составено од писатели за деца и млади) ќе ги избере 30-те најдобри – рангирани во три категории – со кои авторите ќе настапат на Фестивалот.
– Наградата не се доделува ако авторот не настапи на фестивалот со презентација на својата творба.
8. Одлуката на жирито ќе биде објавена на 25.12.2018 год.
9. Фестивалот „Ракатки 2019“ ќе се одржи во втората половина на април 2019 година. Фестивалски одбор на „Ракатки“