На фудбалерите вклучени во каква било европска суперлига ќе им биде забрането да играат меѓународен фудбал, вклучувајќи ги и светските првенства, изјави Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), пренесе Би-би-си. Инфантино вели дека задачата на ФИФА е да го „штити фудбалот“.

Тој рече и дека плановите на ФИФА за ново Светско клупско првенство се „одговор на кој било обид за формирање самостојна лига“, затоа што „ќе донесе многу повеќе пари за клубовите и многу повеќе пари за фондот на солидарноста“.