Хибридната верзија од серијата „и8“ е позелена, но помоќна варијанта на БМВ

Иднината на автомобилската индустрија со новиот тренд на зголемување на зелениот пристап во технологија, зазема форма што многу личи на автомобилот „БМВ и8 роадстер“. Концептот за „роадстер“ или „БМВ визија на ефикасна динамика“ постоел уште пред 10 години. Првпат овој концепт или „и8 купе“ беше прикажан на „Мотор-шоуто“ – Пекинг во 2012 година, а доби форма на светска премиера кога се прикажа на „Аутошоуто“ во Лос Анџелес во декември 2017 година.

Конечно се појави на пазарот во мај 2018 година. Развојот и создавањето на автомобилот беше долг, а неговата кампања се одолжи, но конечно производната верзија може да се види и купи. „Роадстер“ беше откриен заедно со „БМВ и8 купе“ што во суштина најголемиот дел од дизајнот е преземен од купето. Добра вест е тоа што „роадстер“ поседува повеќе надградувања во однос на купето како подобрена технологија на батериите што значи повеќе енергија, па моторот сега произведува 143 коњски сили. Споредбено и двата автомобила се идентични, „роадстерот“ е многу сличен на „купето“, и двата автомобила користат пластично јадро зајакнато со јаглеродни влакна. На тој начин се намалува потребата од дополнително зајакнување на автомобилот. Значи „роадстер“ тежи само 60 килограми повеќе од стандардот за автомобили. Неговата тежина изнесува 1.595 килограми. Покривот се преклопува со ткаенина што се движи наназад или нанапред, а целиот процес е речиси бесшумен. Отворањето или затворањето траат околу 16 секунди и може да се овозможат до 50 километри на час. Се преклопува во формата Z и се складира вертикално.

Механичкиот дел и технологијата на „роадстерот“ не се разликуваат од неговиот претходник „купето“. Задните тркала ги оперира 1,5-литарскиот бензински мотор, а електричниот мотор ја работи предната оска. Моторот е така направен што може да работи во повеќе сценарија, но најважната карактеристика е што е направен да стои во мирување што е можно повеќе, а со тоа да заштеди енергија. Иновативниот хибриден мотор генерира 374 коњски сили и 570 њутн метри. А забрзувањето на „роадстер“ се движи од 0 до 100 километри на час за само 4,6 секунди. Бројките за потрошувачка изнесуваат приближно до 1,57 литри на километар, додека, пак, просечните емисии на јаглерод диоксид се ниски и околу 42 г на километар.

Во создавањето на автомобилот се имаат приклучено инженерите од фабриката на БМВ од Лајпциг. Избирањето на посебниот тим од Лајпциг е поради тоа што тие се единствениот тим што има искуство со производство на високопродажни челични автомобили како и јаглеродни модели при производството, како што се сериите 1 и 2 на „и3“ и продуктите „хало“ на автомобилите „и8“. Подновената цена на „купето“ е за околу пет проценти повисока од претходно или 112.730 фунти. „Роадстер“ е за 12.000 фунти повеќе, поточно 124.730 фунти. За таа цена се добива опрема во која се вклучени ласерските фарови и вградениот уред што дава предупредувачки звучни сигнали за пешаците.