Вечерва, во 20 часот, во Културно-информативен центар – Скопје ќе се отвори изложбата „100 години потоа“, скулптури и слики од Златко Бојковски.

Ќе бидат изложени 25 скулптури работени во материјал метал, најден на планината Кајмакчалан од Првата светска војна (шлемови, бомби, куршуми, пушки и др.), создадени во последниве две години и 10 слики работени во техника акрилик на платно, создадени, исто така, во последниве две години.

Изложбата ќе биде отворена до 16 април.