Изложба на слики на Фатон Мазреку ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје, вечерва, во 20 часот. Фатон Мазреку (Малишево, Косово) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство, на Универзитетот во Приштина. Магистрирал во класата на проф. Агрон Битичи. Имал самостојна изложба во Галеријата на Министерството за култура во Приштина, а учествувал на групни изложби во Тетово, Тирана, Урошевац, Приштина, Гњилане, Витија, Митровица. Добитник е на прва награда на изложбата „Денови на културата во Малишево“, на наградата „Гурсел Солејмани“ за Денот на независноста во Урошевац, на наградата „Пламенот на јануари“ во Гњилане. Остварил престој во вилата „Романа“ во Фиренца, Италија.