Вечерва во 19 часот, во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“, во Кавадарци ќе биде отворена изложба на познатиот ликовен уметник од Струмица, Ниче Василев. Ова е негова прва изложба во Кавадарци на која ќе бидат изложени 24 негови дела работени во последните три години во маслена техника и акрил. Покрај неколку дела со мотиви на пејзаж, на изложбата најголемиот број дела ќе бидат со мотиви на женски ликови. Како што вели самиот автор, изминативе 35 години жените се негова опсесија и инспирација и тоа со сите нејзини елементи како женственоста, традицијата и современоста.

Ниче Василев завршил Академија за ликовна уметност во Варшава и досега има реализирано повеќе од 30 самостојни изложби во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава, Атина, Софија, Анкара, Цирих, Мадрид, Белград и други градови. Учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и во странство. Во 2013 година реализира студиски престој во Париз, Франција. Ми.М.