Изгорена земја

Огнот не ги познава границите на катастарските парцели, а чадот дури не може ниту да се запре, ниту да се контролира неговото движење што, особено деновиве, создава слика на една драматична, па дури и апокалиптична состојба што слободно би можела да се именува како „изгорена земја“, но и мошне илустративно го претставува општиот амбиент по експлозивните реакции поради недобивањето датум за почеток на преговори со Европската Унија, најавата за одржување на уште едни во непрекинатата низа предвремени парламентарни избори, обелоденувањето на неколкуте криминално-корупциски афери поврзани со луѓе од актуелната власт, големата доза разочарување меѓу нејзините приврзаници и уште поголема недоверба во способноста на опозицијата да понуди нешто поинакво

Многумина веројатно знаат дека изразот „изгорена земја“ се однесува на воената стратегија во која, при напредувањето или повлекувањето на воените сили, намерно се уништува сѐ што би можел непријателот да искористи. Притоа, најчесто се мисли на систематско опожарување на земјоделските добра што непријателот би можел да ги користи за исхрана, а потоа и на инфраструктурата заради предизвикување проблеми во непријателската логистика и спречување на неговото напредување. Таквата стратегија најчесто ја користи бројно, технички и воопшто инфериорната страна за да оствари предност што ѝ е неопходна за консолидирање на сопствените сили. Во Македонија со месеци наназад дознаваме за по десетици активни пожари дневно, а сателитите на НАСА само во изминатава недела регистрирале речиси 300 пожари на разни локации низ земјава.

За среќа, во Македонија не е присутна никаква непријателска војска што би ги палела посевите и насадите, но сепак, како да постои некаква организирана сила што систематски предизвикува пожари при што, како по инерција, и надлежните и ненадлежните посочуваат кон земјоделците, кои наводно, ги палат стрништата па огнот им бегал од контрола зафаќајќи ги и шумите, отпадните депонии, па дури и сериозно заканувајќи ѝ се на инфраструктурата. Прексиноќа, на пример, возот од Скопје едвај се пробил кон Битола поради десетина активни пожари во Пелагонија.

Во сеопштиот системски, инфраструктурен, урбанистички и секаков друг хаос, речиси зад секое ќоше демне понекоја шизофрена ситуација, појава неприфатлива денес во однос на вчерашните критериуми и крајно заканувачка за утре. Општиот, но пред сѐ политичкиот пејзаж напросто изобилува со елементи што ќе натераат човек да се запраша дали тоа навистина се случува и постои ли нешто потоа. И можно ли е дека токму генераторите на тие ситуации, во оваа изгорена земја повторно ќе најавуваат процут и ќе го заведуваат народот со некакви свои визии и планови за обнова на она што наизменично го пустошеа, оставајќи зад себе само јагленосани остатоци и многу црн чад

Следејќи ја таа логика, излегува дека земјоделците сами на себе си се најголеми непријатели. Или дека воопшто не си ја знаат работата. Дека не знаат оти со палењето на стрништата се уништува и сето она што земјата ја чини жива, плодна и самоодржлива – микрофлората и микрофауната и дека неповратно се губи потенцијална органска маса. Дури и помалку упатените знаат дека палењето на жетвените остатоци е најлошиот избор за земјоделците и дека дури и кога постојат некакви штетници тоа може да се реши со поинакви методи. А ако сепак не знаат, некој треба да им го објасни тоа, или едноставно да го забрани, а потоа и да го санкционира. Огнот не ги познава границите на катастарските парцели, а чадот дури не може ниту да се запре, ниту да се контролира неговото движење што, особено деновиве, создава слика на една драматична, па дури и апокалиптична состојба, која слободно би можела да се именува како „изгорена земја“, но и мошне илустративно го претставува општиот амбиент по експлозивните реакции поради недобивањето датум за почеток на преговори со Европската Унија, најавата за одржување на уште едни во непрекинатата низа предвремени парламентарни избори, обелоденувањето на неколкуте криминално-корупциски афери поврзани со луѓе од актуелната власт, големата доза разочарување меѓу нејзините приврзаници и уште поголема недоверба во способноста на опозицијата да понуди нешто поинакво.

Во сеопштиот системски, инфраструктурен, урбанистички и секаков друг хаос, речиси зад секое ќоше демне понекоја шизофрена ситуација, појава неприфатлива денес во однос на вчерашните критериуми и крајно заканувачка за утре. Општиот, но пред сѐ политичкиот пејзаж напросто изобилува со елементи што ќе натераат човек да се запраша дали тоа навистина се случува и постои ли нешто потоа. И можно ли е дека токму генераторите на тие ситуации, во оваа изгорена земја, повторно ќе најавуваат процут и народот ќе го заведуваат со некакви свои визии и планови за обнова на она што наизменично го пустошеа, оставајќи зад себе само јагленосани остатоци и многу црн чад.

[email protected]