Кучињата секогаш се расположени за излет надвор од градот или за планинарење, но доколку одите на повеќедневно пешачење, треба да ги земете предвид и нивните потреби

Планинарењето претставува релаксација од психичките напори што човекот ги доживува на работа и од градската бучава предизвикани со брзото темпо на животот. Многумина по напорната работна недела решаваат да избегаат во природа, да направат пауза од бурното секојдневие. Прашањето што се поставува е дали со себе да го земете вашиот пес или не. Кучињата секогаш се расположени за излет надвор од градот или за планинарење, но доколку одите на повеќедневно пешачење, треба да ги земете предвид и нивните потреби.

Да го земете или не?!

Ако имате миленик чија раса не е приспособена да помине долго време на нозе, тогаш треба да размислите дали кучето ќе може да се справи со повеќедневно планинарење. Исто така, секое куче, без разлика колку е издржливо, доколку турата бара неколку дена пешачење потребно е однапред да се подготви. За да не бидете загрижени доколку по некое време покаже знаци на умор или мрзливост.

Во секој случај, ако имате намера физички да го подготвите вашето куче тогаш сигурно нема да зажалите. Планинарењето е одлична можност да поминете време со вашето домашно милениче. Секако, тоа мора претходно да се вакцинира против беснило и да биде заштитено од крлежи.

Што треба да земете со себе?

Она што треба да го земете со вас се долг ремен, заштитна маска, транспортер, сад за вода и храна, како и прва помош за кучето. Тука спаѓаат таблети, јаглен и противотров, алкохол, пероксид, аналгетик, завој…

Пред патувањето јавете се на ветеринар за да се консултирате за прва помош во случај на каснување од змија. Исто така на патувањето треба внимателно да го следите кучето затоа што за него змијата е една супериграчка. Секако, треба да имате и средства против крлежи и други инсекти. Ако патот оди низ карпест терен, треба да мислите и на шепите на кучето и да му купите восок, кој ги штити перничињата на шепите. Многу урбани кучиња ги добиваат овие повреди и потоа не се во можност да продолжат.

Мерки на претпазливост

Често во близината на села или населби може да има стада со крави, овци, кози… Тука треба да внимавате да не му дозволите на кучето да трча по говедата. Всушност, едно урбано куче, кое не ги познава правилата за однесување на фармата, може да биде тешко повредено од животните што се плашат, особено од стадото коњи. Во шумата може да се сретнете со различни животни, па затоа треба да внимавате да се подалеку од вашиот пес. Ако кучето има темно или дебело крзно, не смееме да заборавиме на заштита од сонце, особено во летниот период: давајте му почесто воде, повремено навлажнувајте го неговото крзно или дозволете му да влезе во локалните езерца и бари.

Ако реката е планинска, не треба да дозволите вашето куче да плива во неа бидејќи таквите реки може да бидат незгодни и непредвидливи, па дури и да станува збор за мал поток. Кучето може да влезе во нив исклучиво со ваша помош и под надзор. Сите овие совети ќе ви овозможат да го поминете планинарењето без да зажалите што сте го зеле и вашето куче и запомнете, секогаш држете го на око бидејќи животните често се губат во непозната област