Фото: Маја Јаневска-Илиева

Сезоната на киселата зелка е во полн ек. За многумина таа е омилен деликатес, а треба да биде за повеќето, зашто претставува вистинска витаминска бомба! Ако не сте знаеле, киселата зелка е полна со калиум, железо, магнезиум, сулфур, бакар, а содржи и помали количества натриум и поволен однос на калциум и фосфор, уште обезбедува и максимално искористување на калциумот во организмот и ја прави оваа намирница многу корисна за нашето здравје.

Зелката, при процесот на киселење, создава исклучително активен кобалмин (витамин Б12), кој инаку се наоѓа исклучиво во намирници од животинско потекло. Истражувањата потврдуваат и дека зелката, според количеството витамин Ц што го содржи во себе, слободно може да се мери со лимонот и со портокалот – во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц! Поседува и пиридоксин (витамин Б6), без кој белковините воопшто не би биле искористени. Исто така, таа е извор на ниацин (витамин Б3), потребен за клеточната енергија, целокупниот метаболизам, размената на материи во мозокот.

Познато е дека расолот може да се користи како лек за сите тегоби поврзани со дигестивниот систем, како и народен лек за намалување на отоците во зглобовите. Меѓутоа, малку е познато дека сокот од свежа зелка, покрај што е богат со витамин Ц, е и лековита напивка за многу болести, како чир на желудник и воспаление на дебелото црево.

Да резимираме – зелката го подобрува расположението, го прави организмот отпорен на стрес, помага при создавањето црвени крвни зрнца, подмладува, ги зацврстува коските, го регулира нивото на маснотии во организмот, го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулите…


Расол

Познато е дека расолот е пијалак што се препорачува како лек за тегоби поврзани со варењето, како и народен лек за смалување на отоците на зглобовите.
Меѓутоа, малку е познато дека сокот од кисела зелка не е богат само со витамин Ц, туку е и лековит пијалак со широк спектар на дејства. Со експерименти е докажано дека со сок од свежа зелка успешно се лекуваат чир на желудник и воспаление на дебелото црево. Помешан со сок од морков и репка, расолот е одличен пијалак за оние што имаат недостиг од калциум. Исто така се препорачува да го пијат жени во средни години за да го спречат процесот на остеопороза.


Лековити својства:
1. Го подобрува расположението
2. Го прави организмот отпорен на стрес
3. Ја активира размената на материи во мозокот
4. Помага при создавањето црвени крвни зрнца
5. Ја стимулира работата на клетките и подмладува
6. Помага за зајакнување на коските
7. Го регулира и го намалува количеството масни материи и холестерол во крвта
8. Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулите
9. Придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткиво


Зелката зазема водечко место на листата на најздрави намирници

Содржината на витамин Ц и сулфур во зелката ги отстранува отровите што се главни причинители за кожни болести и ревматизам.
Со своите лековити својства, посебно антиоксидансите, зелката ја зголемува отпорноста против рак.
Свежата зелка помага и кај слабокрвност, несоница, депресија и анксиозност, додека варената зелка е одлично средство за детоксикација, помага при нервна напнатост, тегоби и слаба концентрација.
Дејство врз здравјето
– го намалува ризикот од рак
– го намалува ризикот од мозочен удар
– го намалува ризикот од катаракта
– го подобрува варењето
– добар сојузник во диетите за слабеење
– облогите од зелка помагаат кај изгореници, акни, исипи…