Џанг Ѕуо

(Посветено на 75-годишнината од победата во антијапонската војна на трети септември)

Трети септември е ден вреден засекогаш за паметење за народот на Кина и за светот. Тоа е затоа што на 3 септември 1945 година кинескиот народ ја освои големата победа на кинескиот народен отпор против јапонската агресија, по 14 години напорна борба, од 1931 до 1945 година, а исто така е и ден кога беше прогласена и целосна победа во светската антифашистичка војна.
Победата во антијапонската војна даде значаен придонес во светската антифашистичка војна. На кинеското бојно поле, 1,5 милион јапонски војници беа убиени, ранети или заробени, што претставува повеќе од 70 отсто од сите јапонски жртви. Најмногу, 4 милиони јапонски војници беа во битките со кинескиот народ. Пред избувнувањето на Пацифичката војна во 1941 година, Кина сама се бореше против јапонските армии и задржуваше 94 проценти од сите јапонски трупи. А по 1941 година, 69 проценти од јапонските трупи сè уште беа задржани и вовлечени од кинеското бојно поле и не можеа да бидат префрлени на други боишта. Со импресивните достигнувања на кинескиот народ по цена на крв и живот, Кина како победничка антифашистичка земја, секако стана земја-основач на Обединетите нации и една од петте постојани членки на Советот за безбедност.

Антијапонската војна е важен дел од светската антифашистичка војна. Борбата на кинескиот народ против јапонскиот милитаризам започна најрано, а заврши најдоцна и траеше најдолго. Исправен пред напаѓачите, кинескиот народ водеше крвави битки, претрпе една третина од жртвите од Втората светска војна, значи повеќе од 35 милиони воени и цивилни жртви, а исто така имаше и економски загуби во вредност од 600 милијарди американски долари, врз основа на курсот од 1937 американски долари. Кинескиот народ целосно ги победи јапонските милитаристички напаѓачи. Цивилизациските достигнувања на кинеската нација, стари над 5.000 години, го штитеа мирот во светот. Со огромни национални жртви, кинескиот народ го поддржа главното бојно поле на Истокот од светската антифашистичка војна и се бореше против главните сили на јапонскиот милитаризам. Со тоа не само што постигна национален спас туку и силно ги поддржа силите на отпорот на европските и пацифичките боишта.

Кинескиот народ стана важна сила во одржувањето на повоениот светски поредок. Поттикнување на авторитетот и улогата на Обединетите нации е неизбежен избор за зачувување на победата од Втората светска војна. Кинескиот народ даде голем придонес за ова и плати огромна цена. Кина го негува ова тешко освоено достигнување и одлучно ги поддржува Обединетите нации во извршувањето на своите должности, ги одржува мирот и стабилноста на светот и се обидува да придонесува за луѓето во целиот свет. Како прва основачка земја-потписничка на Повелбата на ООН, Кина секогаш се придржува на целите и принципите на Повелбата на ООН. Како најголема земја во развој во светот и постојана членка на Советот за безбедност, Кина непоколебливо ги брани резултатите од светската антифашистичка војна, непоколебливо го следи патот на мирниот развој, непоколебливо го заштитува светскиот мир и непоколебливо ја следи стратегијата за отворање со заедничка придобивка. Кина отсекогаш била промотор на мирот во светот, придонесувач за глобалниот развој и е бранител на меѓународниот поредок.
Победата на кинескиот народ е победа на сите мирољубиви луѓе во светот и е резултат од меѓусебната поддршка на силите на мирот. Победата на Кина во кинеската антијапонската војна доби голема поддршка од меѓународната заедница, вклучувајќи ги Советскиот Сојуз и САД и др., што кинескиот народ секогаш ќе го памети. Тука би сакал да ја искажам мојата срдечна благодарност до владите на Русија и на САД и до другите влади на сојузничките земји и меѓународните пријатели, кои го поддржуваа и му помагаа на кинескиот народ да ѝ се спротистави на агресијата, а исто така би сакал да изразам и голема почит кон ветераните од Република Северна Македонија што учествуваа во антифашистичката војна!

Во моментов, соочувајќи се со големи промени, невидени во последниве 100 години, се појавуваат многу нови предизвици, како корона-кризата. Тие нè предупредуваат дека пред нас се наоѓа ера во која се испреплетени предизвиците од традиционалните и нетрадиционални закани. Интересите на сите земји се тесно поврзани, човештвото сè повеќе станува неделива заедница со заедничка иднина. Во поепидемиската ера, каде треба да оди светот? Треба да бидеме решителни да го одржиме мирот, да ја цениме тешко извојуваната победа од Втората светска војна и да се здружиме заедно, за да ја изградиме заедницата со заедничката иднина на човештвото.
За заштита на мирот, мора да го градиме меѓународното опкружување, базирајќи се на долгорочна стабилност и општа соработка. Историјата треба да ја користиме како огледало, за да научиме од неа, да ја стабилизираме решителноста за спротивставување на унилатерализмот и протекционизмот, за одржување на меѓународниот и регионалниот мир и стабилност.

Кинеската нација отсекогаш го сакала мирот. Тоа потекнува од непроменливата идеологија за соживување, како „највредно е мирот“ и „правење сите нации да живеат хармонично“, до начинот на однесувањето во светот, како „во четирите мориња, сите луѓе се браќа“ и „не наметнувајте им го на другите она што вие самите не го посакувате“. Хармоничниот концепт за споделување на судбината со другите земји во надворешниот свет отсекогаш бил важен ген во кинеската култура и се пренесува од генерација на генерација. Од основањето на Народна Република Кина, таа секогаш се придржува кон патот на мирен развој и да им биде пријател на сите луѓе од целиот свет. Како активен учесник, поддржувач и соработник на меѓународниот систем, Кина ќе работи одлучно со другите земји за заштита на победата на кинеската антијапонска војна и на светската антифашистичка војна.

За да се реализира мирот, мора да ја зацврстиме врската за отвореност, соработка и заеднички просперитет. Правото на опстанок и развој е основно човеково право. Ако една милијарда луѓе во светот сѐ уште се во состојба на екстремна сиромаштија или глад долг период, невозможно е реализирање на мирот и развојот. Треба да им дадеме големо значење на предизвиците поставени од корона-кризата кај процедурата на спроведување одржлив развој пред 2030 година, да го промовираме поставувањето на развојот во основа на глобалната рамка за макрополитика и да се стремиме да создадеме отворена, инклузивна, избалансирана и општо корисна глобална средина за развој. Мора да се откажеме одлучно од идеологијата каде што „јас сум победник, а другите се губитници во играта“.
Епидемијата го рефлектира дефицитот на глобалното економско управување и причинува појавување на „деглобализација“. Некои луѓе се обидуваат да го поттикнуваат економското раздвојување, финансиски санкции и технолошка фрагментација. Оваа историска регресија мора да ја запираме со заеднички напори. Ние треба да го одржиме мултилатералниот трговски систем, врз основа на Светската трговска организација, да се спротивставиме на злоупотребата на националната безбедност за извршување дискриминаторска и ексклузивна политика, исто така да се спротивставиме на технолошката хегемонија и разни „раздвојувања“, стигматизирање и задушување на конкурентите и да ја промовираме меѓународната соработка во економските и социјалните области. Истовремено е потребно да се откажеме од конфронтација на држава со моќ и стратегиско конфронтирање, за да го избегнеме ризикот од војна.

За да го реализираме мирот, мора да создадеме безбедносен модел на правичност, правда, заедничко градење и споделување. Во ерата на економска глобализација, безбедноста на сите земји е меѓусебно поврзана и влијае од едни на други, треба да воспоставиме нов безбедносен концепт, кој е целосно насочен кон заедничка, сеопфатна, кооперативна и одржлива насока. Спроведувањето на „новата студена војна“ нема да го направи никого голем, а „идеолошката крстоносна војна“ со сигурност ќе биде неуспешна. Треба решително да ги напуштиме сите форми на размислувања од Студената војна и да се воздржиме од идеолошки агресии. Колку повеќе се соочуваме со глобалните предизвици, толку повеќе има потреба да соработуваме заедно, за да се справиме со заканите и да ги надминеме кризите. Не мора да веруваме во употреба на сила, бидејќи само соработката и колективната безбедност се правилни избори за решавање на проблемите.
Ние мора да се придржуваме до меѓународниот поредок, заснован врз меѓународното право, и да се спротивставиме на неовластеното користење сила, или повлекување од меѓународни организации и дејства, прекршувајќи ги авторитетот и сериозноста на меѓународното право. Не е можно да дејствуваме вака, „ќе се придржуваат кон правилата, ако се поволни, а ќе се отфрлат, ако не се“. Треба решително да се спротивставиме на незаконските акти и двојните стандарди. Ова значи дека треба да им дадеме целосно право на Обединетите нации и на Советот за безбедност да ја играат својата основна улога во запирањето на војните и заштитата на мирот и мора да ја почитуваме и гарантираме безбедноста на секоја земја, да ја координираме и одржуваме безбедноста во традиционалните и нетрадиционалните области преку дијалог и соработка.

За да го реализираме мирот, мора да ги воспоставиме односите со еднакво партнерство и меѓусебно разбирање. Иднината и судбината на светот се во рацете на сите земји. Мора одлучно да им се спротивставиме на хегемонизмот и политиката со моќ, да ѝ се спротивставиме на грубата интервенција во внатрешните работи на другите земји. Сите држави мора да ги почитуваат основните норми на меѓународните односи, како што е почитувањето на суверенитетот и др. Принципот за почитување на суверенитетот се покажува не само во неповредливоста на суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја земја туку и во заштита на правото на секоја земја самостојно да ги избере својот социјален систем и развоен пат. Освен тоа, напорите на секоја земја за унапредување на економскиот развој и подобрување на животот на луѓето исто така мора да бидат почитувани. Различните социјални системи се вкоренети во различните историски традиции, сублимирајќи ги мудроста и придонесите од различните нации и народи, тука нема разлика во врховен или низок, а исто така нема добар или лош, мора да се однесуваме како еднакви едни со други, да учиме еден од друг и да бидеме инклузивни, за да го промовираме креативниот развој на човечката цивилизација по пандемијата.

Историјата ни кажува дека војната е ѓавол и кошмар, а мирот е како чист воздух и сонце. Барањето мир и развој и унапредувањето на соработката се неодолив тренд на времињата. Дозволете ни да се придружиме и да работиме заедно, да изградиме прекрасен свет со траен мир, универзална безбедност, заеднички просперитет, отвореност и толеранција, чист и убав, по завршувањето на пандемијата.

Авторот е амбасадор на Народната Република Кина во Македонија