Фото: Горан Анастасовски

Овие животни се многу друштвени и активни. Обожаваат играње и се поврзуваат со своите сопственици

Зајаците се многу дружељубиви, активни животни, сакаат играње и се поврзуваат со своите сопственици. Доколку знаете што сѐ можете да очекувате од зајакот, голема е веројатноста дека ќе имате прекрасни миленичиња. Но, како и секогаш, подготовките и реалните очекувања се она што влијае на воспоставувањето добри односи со идниот миленик. Животниот век зависи од видот на зајакот и варира од 5 до 15 години. Еве неколку факти што ќе ви помогнат да дознаете повеќе за нивниот карактер и начин на чување.

– Зајаците се дружељубиви животни и со малку нежност може многу лесно да се припитомат.

– Сакаат да си играат и се интересни за набљудување.

– Се приврзуваат за сопственикот.

– Подложни се на нежна дресура, доколку се потрудите. Што треба да знаете пред да набавите зајак

– Поради тоа што зајакот е друштвено животно, за да биде среќно потребна е голема интеракција со сопствениците или со други зајачиња. Дневно е задолжително анимирање, а и вежбите надвор од кафезот се исто така неопходен дел од секојдневните активности.

– Зајаците не се лесни за одржување – потребно е многу трпение и работа за да им се обезбеди потребната нега.

– Гранулите не се доволни за комплетна исхрана на зајачињата. Потребни им се доста влакна од квалитетно сено и различен свеж зеленчук.

– Што се однесува до зајачињата, треба да им се обезбедат играчки за грицкање, но од друга страна, секое место преку кое зајакот може да се провлече мора да биде добро обезбедено.

– Потребен им е релативно голем кафез. А, секако, најмногу обожаваат кога се надвор од него и кога можат да уживаат во интеракција со својот сопственик.

– Зајаците се многу мирни животинчиња и не се добар избор доколку имате мали деца, затоа што можат да ги повредат во игра, а тие не умеат да се бранат.

– Обожаваат да бидат во близина на сопственикот, но не сакаат да се преместуваат или шетаат од едно место на друго.

– Потребна им е одредена ветеринарна нега, што може скапо да чини. Треба да се стерилизираат и редовно да се вакцинираат.

– Зајачката урина може да има силен и непријатен мирис, па често менувајте ја подлогата (стерилизацијата може да го неутрализира овој непријатен мирис). Бидејќи нивната урина е богата со калциум, може да ја стврдне подлогата, што го отежнува чистењето (оцетот е доста ефикасен за оваа намена).