Иако комарците се во состојба да поминат големи далечини, мошне се реални шансите тие да биле изведени и неколку метри од местото каде што ги боцнале рибарите додека фаќале риби

Освен вообичаените индустриски препарати за заштита и одбивање комарци, кои понекогаш и не се толку ефикасни колку што очекуваме, може да се користат и неколку природни начини на заштита од овие здодевни и упорни инсекти. Прво и главно правило на природна заштита од овој незгоден инсект е рибарот да ги коригира своите дотогашни навики додека риболови, а тоа се следниве:

– Да се истури водата од секој предмет околу рибарот (шише од пиво, сок, вода за миење раце) што би можела да има арома што би ги привлекла комарците итн.

– Во периодот кога има комарци, потребно е да се намали на минимум количеството на дезодоранси, парфеми, разни кремови, употребата на сапуни со силни мириси и слично. Некои т.н. „манекенски“ мириси особено ги привлекуваат комарците, па затоа и често се случува рибарите да бидат жестоко избоцкани додека се покрај реките или езерата.

– Кога се оди во риболов, рибарот треба да носи на себе облека со малку посветла боја, се разбира доколку е можно тоа, оти темните бои посилно ги привлекуваат комарците.

– Да се намали количеството шеќер во исхраната, бидејќи рибарите што внесуваат многу шеќер, почесто се искасани од другите.

– Влажното човеково тело посебно привлекува комарци, па затоа е потребно рибарот веднаш да ја избрише потта од телото.

– Млечната киселина, исто така, е неверојатен магнет за комарците, оти телото ја лачи по изразени физички активности или, пак, по консумирање некаква храна, на пример солена, што, пак, го привлекува вниманието на комарците.

– Јаглеродниот диоксид многу ги привлекува комарците, а човечкото тело го испушта кога му е топло или во текот на позасилени физички активности. Но треба да се обрне внимание и на огнот, свеќата, запалената газиена ламба, оти и тие го испуштаат.

– Темната облека, како и лисјата, исто така ги привлекува комарците додека се риболови. Поради тоа, рибарот треба да ги избегнува потемните алишта и да не се сместува близу дрвја, особено оние што имаат темни листови.
Затоа, риболовци, бидете внимателни.


Како да се исушат чизмите додека ловџијата е на терен

Пред сѐ, потребно е ловџијата да ја тргне влошката од чизмата, а во нејзината
внатрешност да стави што повеќе сува трева и суви лисја, кои би ја впиле водата
и би придонеле во побрзо сушење

Одењето со мокри чизми по шумите и разните ливади и полиња додека се лови секако дека не е нималку пријатно за ловџијата. Токму затоа со право се поставува прашањето како ловџијата самиот да си помогне ако неговите чизми се натопени, а притоа тој се наоѓа далеку од некоја ловџиска куќарка, ловечки дом или, пак, од местото каде што живее.
Пред сѐ, потребно е ловџијата да ја тргне влошката од чизмата, а во нејзината внатрешност да стави што повеќе сува трева и суви лисја, кои би ја впиле водата и би придонеле во побрзо сушење.

Ако ловџијата запали оган во непосредна близина на местото каде што лови, добро е да стави во огнот камења што би се загреале, но притоа никогаш не треба да користи речни камења, оти тие може да предизвикаат експлозија ако се загреат силно во огнот и со тоа да придонесат за нови дополнителни проблеми.
Чизмите и влошките треба да се остават во близината на огнот што се пали во тој миг, но не преблиску, оти постои реална опасност кожата на чизмите да почне да пука и со тоа да се уништат самите обувки, што, пак, би му создало дополнителни проблеми на ловџијата.

Кога камењата се топли, потребно е ловџијата да ги стави во чорапот, а потоа и во својата чизма, но притоа да внимава на температурата на камењата, за да не го оштетат материјалот на обувката. Потоа од влошката треба да се исцеди водата со помош на сува трева и суви лисја, а влошките да се стават помеѓу слоевите на дополнителната облека или во вреќата за спиење.