Автобусите со мигранти, кои од Сараево тргнале кон Мостар, биле запрени кај Коњиц и оневозможено им е заминувањето до бегалскиот центар во Салаковец, потврди Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Вчера од полицијата информираа дека конвојот автобуси со мигранти е запрен кај Коњиц и дека не се движат кон Мостар, каде што 350 мигранти, меѓу кои и деца, треба да бидат сместени во бегалскиот центар.

Од Владата на ХНК не можеа да ја коментираат оваа ситуација, а конвојот е вратен кон кантонот Сараево.
Министерот за безбедност на БиХ Драган Мактиќ рече за регионалната Н1 телевизија дека тоа е „класичен државен удар“.