Во рамките на Сивус – едукативниот и развоен центар (СЕДЦ), на 30 септември, официјално ќе започне наставата од академијата „Ај тинк“ (IThink), каде што четврта година едноподруго деца на возраст од 8 до 14 години учат за најсовремените информатички технологии.

По тој повод, најавен е „Ај тинк отворен ден“ (IThink Open Day), кој ќе се одржи утре, во 18 часот, во просториите на едукативниот центар.
Овој настан е наменет за сите родители и за нивните деца што сакаат да се запознаат со дел од тимот, програмата, атмосферата и активностите на децата од трите генерации на оваа академија.

Програмата предвидува: претставување на академијата и работилницата за роботика, и запознавање со роботите Даш (Dash).

Родителите можат да ги добијат сите потребни информации преку неформалното дружење со претставниците од академијата, а пријавувањето за овој настан е бесплатно. Вашето место можете да го резервирате со пополнување формулар за регистрација, а можете да го побарате на нивниот официјален профил на Фејсбук: IThink Academy или на веб-сајтот: www.sedc.mk/academy/ithink
За сите дополнителни информации, контактирајте го тимот на „Ај тинк“: [email protected] и на 078 499 273. И.М.