Вервериците имаат слични особини со луѓето

Новата студија спроведена од Универзитетот во Калифорнија и научниците од „Дејвис“, објавена во списанието „Анимал бихејвиор“, открива дека вервериците делат некои особини на личноста изразени кај луѓето, пренесе „Гардијан“.
Вервериците можеби се многу помали од нас, но изгледа дека имаат многу повеќе заедничко со луѓето отколку што се мислеше. Истражувањата откриле дека вервериците изразуваат четири особини – активност, дружељубивост, смелост и агресија, кои влијаат на нивното движење, пристап до ресурси и користење на просторот во природата.
Истражувачите спроведоа тестови на животните за да утврдат дали во некои случаи повеќе социјален живот може да го спаси животот на поединецот – се вели во извештајот на студијата на универзитетот „Дејвис“.
Иако животните не се загрозени, истражувачите откриле дека разбирањето како личноста на животното влијае врз користењето на просторот е важно за заштита на дивиот свет.
Наодите откриле дека похрабрите верверички имаат корист од нивното однесување, добивајќи поголеми јадра во кои ќе ја концентрираат својата активност. Храбрите животни исто така се движеле побрзо, биле поагресивни, поактивни и имале поголем пристап до седалото.