Во Центарот за култура – Крива Паланка во следните две седмици ќе биде поставена изложбата на фотографии „Жените и фотографијата“. Станува збор за шеста изложба што традиционално ја организира фотоклубот „Куманово“.

– За годинашната изложба пристигнаа над седумстотини фотографии, од кои како селектори одбравме сто, кои беа претставени на изложбата на Денот на жената во Куманово. Во Крива Паланка се изложени 46 фотографии од авторки исклучиво од нашата држава – изјави Владимир Јовановски од фотоклубот „Куманово“.