Елиф Елмас на дуелот со Словенија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година стана петтиот македонски фудбалер со два гола на барем два меча за репрезентацијата. Претходниот ваков ефект на Елмас беше на мечот со Летонија, во Скопје, во март годинава. Досега на 22 меча македонски фудбалери постигнувале по два гола, а на уште четири натпревари по три. Првиот гол на Елмас на мечот со Словенија беше и 150-от погодок на Македонија на домашни натпревари (пријателски и квалификациски).