Европската недела на мобилност неодамна беше одбележана во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Скопје, каде што се одржа еколошки час. Учениците од петто одделение се запознаа со целите и придобивките од одржливиот транспорт, а пред сè од возењето велосипед и пешачењето.

Европската недела на мобилност, која траеше од 16 до 22 септември, се одржува под мотото „Пешачи со нас“. Целта е да се промовираат придобивките од безбедно одење и велосипедизам, како и да се спроведат мерки за подигнување на безбедноста кај најмладите.

Во рамките на оваа европска иницијатива, во петокот дечињата од детската градинка „Срничка“ пешачеа по кејот на реката Вардар, при што се едуцираа за придобивките од физичките активности.