Одгледувањето орхидеја што постојано ќе цвета е еден од најголемите предизвици на секој што дома има барем еден примерок од ова деликатно растение.
Веќе знаеме дека постојат различни начини за одгледување на орхидеите. Во зависност од видот на орхидеите, треба редовно да им се потсекуваат сувите корења, да се полеваат со отстојана вода, повремено со вода директно да се прскаат цветовите, да им се додава специјално течно ѓубриво и постојано да бидат изложени на сончева светлина.

Секогаш следете ги советите што ги добивате од продавачите на орхидеи, за да можете што подолго да ги имате тие прекрасни цветови во домот.
На многумина им се случило на подарок да добијат прекрасна орхидеја, но без упатства за одгледување.

Доколку вашата орхидеја подолго време не цути, постои еден едноставен трик, кој во многу случаи помогнал таа да „оживее“. Од понеделник до петок, секој ден во исто време, налејте во орхидејата две лажици редок зелен чај. Користете го овој трик како додаток на вообичаената нега на растението.

Исто така, зелениот чај одлично функционира и кај другите растенија што растат во почва со кисела пХ-вредност.


Како да им помогнете на собните растенија да го преживеат ладниот период

Ладното време може да им наштети на собните растенија, па затоа е потребно при промена на температурите да им посветите повеќе нега.
Најпрво, внесете ги дома сите билки што не трпат студ. Така ќе бидат на пооптимална температура, а вие ќе можете да ги следите евентуалните промени кај некое од растенијата. Исчистете ги од сите овенати и суви гранки и лисја.
Наместете ги така што оние на кои им треба повеќе светлина ќе бидат блиску до прозорците, додека другите треба ќе бидат сместени во помалку осветлените агли од домот.
Бидејќи сега времето е ладно, не треба пречесто да ги полевате цвеќињата, бидејќи може да им скапе коренот. Во зависност од тоа кои видови ги имате, намалете го бројот на полевања соодветно на потребата што ја има самото растение. Притоа, внимавајте да не ги полевате со штотуку наполнета вода од чешма, туку со малку отстојана на собна температура.
За крај, треба да внимавате листовите, цветовите и гранките на вашите растенија што помалку да се допираат, за да имаат простор да дишат.