Македонскиот народен театар со претставата „Еден месец на село“, кое е дело од врвниот книжевен опус на рускиот автор Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на славниот италијански режисер Паоло Маџели, на 1 ноември ќе гостува на сцената на Црногорско народно позориште, Подгорица. Претставата ќе биде изведена пред црногорската публика во ревиjалниот дел, а во рамките на затворањето на Биеналето на црногорските театри во 2019 година, како и по повод прославата за Денот на Црногорскиот народен театар.

Во овој исклучителен проект, кој својата премиерна изведба ја имаше на 29 септември минатата година, игра веќе докажаната актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.

Во процесот на претставата соработуваа уметници, меѓу кои Катерина Коцевска, која ги направи преводот и адаптацијата на текстот, Жељка Удовичиќ – драматург, Лоренцо Банчи – сценограф и Мануела Паладин – костимограф, а композитор на музиката е Љупчо Константинов.